Шарапова го отпуштила својот татко преку мејл: Не можев да го погледнам во лице

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Марија Шарапова која своевремено беше и најдобра тенисерка во светот долго време соработуваше со својот татко Јуриј, но подоцна се одлучи за промена.

Во кариерата руската тенисерка освои пет грен-слем титули, а во 2012 година на Русија и донесе сребро од Олимписките игри во Лондон. Шарапова со успесите стана симбол за тенисот во својата земја, а сега раскажа зошто се одлучила да ја прекине професионалната соработка со нејзиниот татко преку мејл.

Шарапова одлучи по победата на Австралија Опен во 2008 година професионално да се раздели од нејзиниот татко.

„Мислев дека е многу подобро тоа да го направам преку мејл каде што полесно ќе ги изнесам своите размислувања. Не можев да го погледнам во лице. Но, исто така знаев дека тој тоа не го знае. Едноставно не мислеше дека ќе се случи откако само што го освоив својот трет грен-слем“, изјави Шарапова.

Со својот татко таа соработуваше 20 години, а без разлика што професионалната соработка прекинала, тој остнал покрај неа.

„Во суштина никогаш не беше отпуштен, продолжи да биде тука и понатаму беше многу предан. Секогаш прв доаѓаше кога ќе го повикав“, раскажа руската тенисерка.

Кариерата Шарапова ја заврши во 2020 година, а претходно долго време се мачеше со повредите. Помеѓу 2016 и 2017 година беше надвор од терените поради суспензија откако падна на допинг тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот