Северна Македонија и Косово ќе склучат договор за правна помош во граѓанските предмети

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово и на средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу ќе потпише договор за заемна правна помош во граѓанските предмети.

Министерството за правда соопшти дека помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување на постапките пред институциите на двете држави.

-Со склучувањето на овој договор се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се овозможи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете држави за побрз одговор и од двете страни, без претходно процедурите да минуваат  преку двете министерства за правда, наведува Министерството. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот