Северина поради објавување на фотографии од синот мора да плати 208.000 евра

Фото: Инстаграм

Хрватската пејачка Северина Којиќ која го загуби старателството над синот Алексадар (8) во ноември 2019 година, како што во пресудата беше тогаш наведено, поради неподобноста да води грижа за детето, продолжи и понатака да ниже прекршоци.

Северина со синчето / Фото: Инстаграм @severina

Како што дознаваат медиумите, Којиќ поради објавување на фотографии од синот, што претходно и беше забрането од страна на судот, бидејќи како што велат ја загрозувала неговата безбедност, доби парична казна која и ја одреди судот во Хрватска, а бидејќи пејачката продолжи со објавите на социјалните мрежи, судот и одреди секоја наредна казна да се дуплира.

По осмиот прекршок, Северина е должна на Хрватска да и плати 208 000 евра, а пресудата е потврдена и од Второстепениот суд во Дубровник.

Фото: Инстаграм

„Првата казна за објава на фотографија на која е Александар чинеше 5000 евра. Потоа за следната беше двојно поголема, па така вкупниот износ на казни досега достигна 208.000 евра“, објавија српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот