Серж Брамерц очекува потврда за доживотната затворска казна на Ратко Младиќ

Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот трибунал утре ќе му ја изрече правосилната пресуда на поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ поради извршени воени злосторства во БиХ.

Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот трибунал утре ќе му ја изрече правосилната пресуда на поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ поради извршени воени злосторства во БиХ.

Главниот обвинител на Судот во Хаг, Серж Брамерц, непосредно пред утрешното изрекувањето на правосилната пресудата за Ратко Младиќ изјави дека очекува да му биде потврдена казната доживотен затвор, но предупреди на растечкиот проблем за негирање на природата на воените злосторства во Босна и Херцеговина, особено геноцидот во Сребреница.

– Оптимисти сме дека успеавме да ги убедиме судиите на Жалбениот совет да ја потврдат првостепената пресуда, истакна Брамерц за јавниот сервис БХ Радио 1.

Младиќ е прогласен за виновен за најтешки воени злосторства, вклучително и за геноцидот извршен во Сребреница, но советот на Трибуналот ги отфрли обвинувањата дека тој е одговорен и за геноцидот извршен во уште пет општини во Босна и Херцеговина во 1992 година, како што е Приедор, каде што силите на босанските Срби го протераа и убија речиси целото хрватско и бошњачко население.

Брамерц е убеден дека казната доживотен затвор ќе биде потврдена, но тој предупреди дека и потоа ќе остане проблемот кој го создаваат обидите за оспорување на судски докажани факти и релативизирање на злосторствата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот