Сепак ќе се отворат ски центрите, ќе работат со посебен протокол

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки за Ковид -19 за ски центрите за измени во делот на редарската служба пред билетарите и ски лифтовите.

Задолжително е потребно обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), како и ограничување на работата на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба. 

Скијачките центри нема да работат сезонава?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот