Сензација во Бања Лука: Елиминиран првиот светски рекет Ѓоковиќ
Душан Лајовиќ од Србија направи големо изненадување на турнирот во Бања Лука, Босна и Херцеговина, откако во четвртфиналето го совлада неговиот сонародник Новак Ѓоковиќ. Лајовиќ, кој е 70 тенисер во светот, со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 го елиминираше првиот светски рекет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мечот започна со долг гем на сервис на Ѓоковиќ, Лајовиќ покажа дека ќе биде агресивен, а тоа му се исплатеше бидејќи малку подоцна направи брејк и поведе со 3:1. Ѓоковиќ успеа да се врати во игра и да израмни на 4:4, но Лајовиќ повторно му го одзеде сервисот на ривалот, а потоа го потврди и дојде до почетната предност.
Вториот сет беше крајно неизвесен, Ѓоковиќ постојано притискаше на противничкиот сервис, но не можеше да му го одземе. Свои шанси имаше и Лајовиќ, но Новак ја покажа својата класа.
Ѓоковиќ поведе со 6:5, а после тоа Лајовиќ доби помош поради проблем со стапалото. Сепак, тој успеа да се избори тај-брејк во кој загуби со 6:3, но се врати и ја оствари една од најголемите победи во кариерата.
За пласман во големото финале Лајовиќ ќе игра против подобриот од мечот Кецмановиќ – Лехечка.


