Сензација на „Вимблдон“: Елиминиран минатогодишниот полуфиналист Хуркач

Хуберт Хуркач поразен од Шпанецот Алехандро Давидович Фокина/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Голема сензација се случи на првиот ден од „Вимблдон“. Учеството на третиот Грен слем го заврши 10 играч во светот, Хуберт Хуркач, кој беше поразен од Алехандро Давидович Фокина со 7:6 (4), 6:4, 5:7, 2:6, 7:6. (10:8).

Седмиот носител на турнирот лани играше во полуфиналето во кое беше поразен од Новак Ѓоковиќ, а сега е елиминиран уште во првото коло. Многумина го гледаа Полјакот како фаворит од сенка, особено доколку се знае дека тој во Лондон дојде како освојувач на Хале.

Шпанецот поведе со 2:0 во сетови, а во третиот имаше три меч топки при резултат 5:3, а потоа започна да врне дожд. Откако играчите се вратија на теренот, Хуркач заигра подобро, врза четири гема и го освои тој дел од мечот. Полскиот тенисер доминираше и во четвртиот сет и се чинеше дека ќе успее да слави по пресврт.

Во петтиот сет тенисерите разменија два брејка, а потоа во супер тај-брејкот 10 светски тенисер водеше со 6:3, но и тоа не беше доволно за победа. Давидович Фокина се надмина себеси и на крајот обезбеди пласман во второто коло во кое ќе игра против Чехот Јиржи Весели кој со 3:0 го елиминираше Аргентинецот Федерико Кориа.

Ѓоковиќ со победа и рекорд ја започна одбраната на титулата на „Вимблдон“

Џон Изнер потешко од очекувањата славеше против квалификантот Енцо Коко од Франција со 7:6 (6), 6:7 (3), 6:4, 3:6 и 7:5. Успешни на стартот беа и Кокинакис, Мартерер, Манарино и Ембер.

Во женска конкуренција Ема Радукану, домашната натпреварувачка со 2:0 во сетови 6:4 и 6:4 ја елиминираше Белгијката Алисон Ван Ујтванк. Победи забележаа уште Кава, Гарсиа, Ниемејер, Контавејт, Пери, Јуван, Кирстен, Кочарето, Хонтама, Ли, а при резултат 1:1 во сетови и 4:2 во предност во третиот за Мертенс, мечот го предаде Колумбијката Осорио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот