Фото: Архива

Словенечкото „месо од сено“ ќе биде внесено во посебен регистар на ЕУ

Европската комисија одобри внесување на месниот производ „месо од сено“ од Словенија во регистарот на загарантирани традиционални специјалитети, соопшти официјален Брисел.

Тоа е месо од говеда, мали животни и копитари, кои на традиционален начин се хранат со природна сточна храна. Важно е да не се хранат со генетски модифицираната храна, објаснуваат тие.

„Животните пасат на пасиштето во сезоната на растење, а во зима се хранат со сено или сува сточна храна. Овој природен пристап кон хранењето помага во зачувување на уникатниот квалитет на месото и го прави поздраво“, соопшти комисијата, пренесува Н1 Словенија.

Тие додадоа дека оваа единствена форма на преработка на месо е длабоко вкоренета во словенечката земјоделска традиција и претставува еден од најстарите облици на одгледување месо.

„Производството на ова месо е олицетворение на еколошки пристап кон сточарството, што придонесува за заштита на климата и почвата и во исто време ја зголемува биолошката разновидност“, велат тие.

Новата ознака ќе биде додадена на списокот од 92 земјоделски производи кои се веќе заштитени во рамките на шемата за гарантирани традиционални специјалитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот