Семејството на Малколм Икс планира да ги тужи ФБИ, ЦИА и полицијата на Њујорк поради неговата смрт

Семејството на Малколм Икс/ Фото TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Ќерката на убиениот активист за граѓански права Малколм Икс објави дека ќе го тужи полицискиот оддел на Њујорк и другите агенции за неговото убиство во 1965 година, пренесува „Би-Би-Си“.

Илјаса Шабаз вели дека американските функционери со измама сокриле докази дека „се заговарале и го извршиле нивниот план да го убијат“ нејзиниот татко.

Таа ја најави планираната правна постапка на местото каде што тој бил смртно застрелан во Њујорк пред точно 58 години.

ФБИ и ЦИА исто така се именувани во правното поднесување, рекол нејзиниот адвокат.

60-годишната Шабаз имала две години кога го видела нејзиниот татко застрелан. Тројца вооружени мажи го застрелале над 20 пати додека се подготвувал да зборува во аудиториумот во Харлем.

„Со години, нашето семејство се бореше за вистината да излезе на виделина во врска со неговото убиство“, рече таа на местото, кое оттогаш е претворено во споменик.

Малколм Икс бил главен портпарол на Нацијата на исламот – која се залагала за сепаратизам за црните Американци – пред неговото разделување од организацијата. Имал 39 години кога бил убиен.

Еден човек, припадник на Нацијата на исламот, признал дека го убил.

Во 2021 година, на двајца други мажи, осудени за убиство, им биле отфрлени пресудите откако судијата од Њујорк изјави дека имало грешка во пресудата.

Двајцата мажи подоцна биле целосно ослободени откако њујоршкиот јавен обвинител откри дека обвинителите задржале докази кои веројатно би ги ослободиле од убиството. Семејствата на погрешно осудените мажи тужеле и освоиле 26 милиони долари од Њујорк и 10 милиони долари од државата Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот