Селмани: Французите знаат дека предлогот со бугарски барања не поминува кај нас

Имер Селмани / фото: принтскрин

Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани, гостуваше во „24 анализа“ и зборуваше за спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Селмани вели дека времето не работи за изнаоѓање „прифатливо европско решение за двете држави“.

„Со ова што се случува во Бугарија, може да се забележи дека актуелната влада нема поддршка во Парламентот. Не треба да ги подигнеме очекувањата дека и да имаме разумен предлог од Франција, тоа ќе вроди со плод. Исто така, се шпекулира без да се видат на хартија предлозите, односно дали бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка со ЕУ. Французите знаат дека, доколку е таков предлогот, тој нема да помине кај нас. Барањата на Бугарија се без аргументи и ЕУ не може да ги разбере“, вели Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот