СЕЛФИТО стана поопасно од ајкулите: Најчести причини за смрт се давење и пад од височина

Пред 4 години светот го обиколи веста дека селфито е поопасно и од ајкулите. Тогаш звучеше смешно дека повеќе луѓе настрадале додека барале совршена поза отколку оние кои завршиле во устата на ајкулите. Денес, за жал, тоа е сурова реалност.

Повеќето „загинати од селфи“ се помлади од 30 години, поголем дел од нив биле на патување, што се припишува на желбата на своите пријатели или публиката на друштвените мрежи да им покажат што е можно подобра фотографија.

Најмногу настрадале во Индија, а на второто место се Пакистан и Русија.

Најчести причини за смрт се давење и паѓање од височина, а имало и жртви кои страдале фотографирајќи се со диви животни.

Медицинските извештаи во Индија покажуваат дека од 2011 до 2017 година 259 луѓе загинале во вкупно 137 несреќи кои биле последица на невнимание во текот на фотографирањето. Од друга страна, во истиот период само 50 луѓе настрадале од напад на ајкули.

Бројот на загинати при правење селфи постојано расте. На пример, во 2011 година имало само 3 случаи со смртен исход, а во 2017 година тој број се зголемил на 100.

Дека ситуацијата станува алармантна покажува и неодамна направениот термин „селфицид“.

Најновиот инцидент се случил вчера во шпанското летувалиште Коста Бланка. Еден турист од Велика Британија загинал, а друг бил тешко повреден по пад од височина од 9 метри, а несреќата ја доживеале обидувајќи се да напарават селфи, пренесува The Sun.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот