Селена Гомез КОНЕЧНО го заборави Џастин Бибер! Еве како се збогуваше од поранешната љубов (ВИДЕО)

Фотографија: YouTube

Конечно се објави новата песна на Селена Гомез. Пејачката со емотивната песна и видео запис расплака многумина, бидејќи ја отвори душата и испеа за својата поранешна љубов и колега, пејачот Џастин Бибер.

Песната се вика „Lose You To Love Me“ и станува збор за првиот сингл на пејачката после долгата пауза од четири години.

Profimedia

Селена го упати своето последно „збогум“ на нејзината прва љубов и затвори едно големо поглавје од нејзиниот живот.

Profimedia

Пејачката откри дека се чувствува посилна и има повеќе самодоверба од кога било. Селена пее за еден „токсичен“ однос и врска во која неа некој константно ја повредува.

Дека станува збор за нејзиното поранешно момче Џастин, јасно откриваат стиховите:

Profimedia

„Ме изневери и сега тоа се забележува, за два месеци ме замени, како да е тоа толку лесно, направи да се чувствувам како да го заслужувам тоа“.

Profimedia

Љубовната приказна на Џастин и Селена започна уште во 2010 година и беше навистина турбулентна. Повторно се смирија во 2017 година, но во март 2018 година повторно прекинаа. Истата година во јули, Џастин ја објави својата веридба со Хејли Болдвин. Парот се венчаше во септември 2018 година, а свадбата се одржа дури месецов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот