Ова е фотографијата за која Селена Гомез доби неверојатни 8 милиони лајкови (ФОТО)

Instagram

Ненашминкана како лежи завиткана во ќебе, Селена Гомез направила селфи што го сподели со 157 милиони свои следбеници.

Убавата 27-годишна пејачка ги изненади своите обожаватели со последната објава на својот службен инстаграм-профил, кога одлучи да им открие како навистина изгледа без трошка шминка, а нејзините обожаватели тоа го дочекаа со одобрување.

Пејачката која последниве години води борба со различни проблеми – од автоимуни болести, преку трансплантација на бубрег, па сè до психичките проблеми поради кои беше и хоспитализирана, покрај фотографијата напиша:

„Ова сум јас, секогаш.“

За кратко врееме фотографоијата доби 8 милиони лајкови и стана втора по ред најлајкувана фотографија на нејзиниот профил.

View this post on Instagram

Me, all the time

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот