Први фотографии од свадбата на Џастин Бибер: Хејли во венчаница како од соништата!

Instagram
Instagram

За големата венчавка на Џастин Бибер и Хејли пишуваа сите светски медиуми, а младенците почекаа бурата малку да стивне и дури вчера ги споделија првите свадбени фотографии.

Очекувано, сите ги интересираше каква венчаница носела Хејли, која се смета за една од најдобро облечените жени во светот.

Двајцата вчера на своите инстаграм-профили споделија фотографии од венчавката и додека манекенката се определила за црно-бели, пејачот ги објавил истите, само во боја.

Instagram

Хејли блескаше во спектакуларна бела венчаница од чипка која ѝ ги открива рамената. Интересен детаљ е и велот долг повеќе од три метри, на чиј крај со големи букви пишува „Додека смртта не нè раздели“.

Instagram

Креацијата е дело на чешкиот дизајнер Вирџил Аблоа, но во нејзиното создавање учествувала и Хејли.

„Ти благодарам што ја оживеавте мојата визија и ми направи венчаница од соништата. Ти и твојот тим сте неверојатни и секогаш ќе бидам благодарна што ја носев оваа преубава креација“, напишала манкенката.

Оваа креација била главниот и еден од трите фустани што ги носела Хејли на венчавката, а другите два сè уште не ги покажа во јавност.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот