Зијадин Села дава изјава во Собранието / 11 ноември 2021 / фото:МИА.мк/принтскрин

Села: Ако нема преговори со ЕУ до 22 јуни, ќе го преиспитаме нашето политичко делување

Зборувајќи за блокадата на Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села изјави дека тоа е легитимно нивно право, но посочи дека неговата партија делува самостојно.

Села истакна дека неговата партија ќе го преиспита парламнетарното делувуња по 22 јуни, кога ќе се одлучува за почеток на преговорите за членство со Европската Унија.

– Легитимно право на една партија е да одлучува како ќе делува. Ние ја имаме нашата политичка агенда. Сме предложиле неколку закони до Собранието. Вчера на парламентарна седница не се ставени на дневен ред нашите предлози, како што е законот за игрите на среќа, но се ставија други точки и предлози кои беа доставени два дена пред да бидат ставени на дневен ред, изјави Села на прес-конфренеција со новинари.

Тој истакна дека блокадата на Собранието секој ден се оправдува, бидејќи како што рече, Собранието е претворено во алатка за гласање само за власта, гласајќи ги само законите кои нив ги интересира.

– 22 јуни е датум на кој сите очекуваат да се отворат преговорите, и ако не се случи ова, тогаш ние ќе го разгледаме нашето политичко делување. Алијанса за Албанците е независен субјект и делува за свои цели и интереси, истакна Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот