Секс поза која согорува најмногу калории

Сакате добар тренинг, но не ви се оди во теретана, пробајте ја оваа секс поза (имаме предлог и за мажи и за жени) и веќе сте „навежбани“.

Еден од најдобрите тренинзи за вас доколку сакате да бидете фит и со витка фигура е сексот. Но, сите секс пози не се подеднакво добри. Еве со помош на која секс поза можете најбрзо да постигнете резултат.

Сексот освен тоа што е одличен лек за борбата против стресот и за зближување со партнерот, тој е корисен и кога станува збор за одржување на телесната фигура.

За време на сексот се активираат мускулите на нозете, рацете, рамената и стомакот. Мажите губат најмногу калории за време на мисионерската секс поза, а жените пак губат најмногу калории преку позата каубојка, односно кога тие се врз партнерот и речиси цела работа ја завршуваат сами, со овие две пози се активираат повеќе мускули истовремено вклучувајќи ги и мускулите на абдоменот, грбот, нозете и задникот.

Според некои истражувања, за време на секс кој трае половина час се согоруваат помеѓу 80 и 100 калории, во зависност на тоа кој пол сте и колку години имате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот