Секое дете во книгите може да најде пространо игралиште преполно со забавни ликови

Доколку сакаш да стигнеш некаде во животот мораш да читаш многу книги, вели авторот за деца Роалд Дал, кој стои зад голем број култни дела, како „Чарли и фабриката за чоколада“, „Вештерки“ и многу други. Токму оваа максима ја следи и издавачката куќа „Арс Ламина“, која става посебен акцент на детската литература, знаејќи дека денешните читатели стануваат утрешни лидери и мислители. Токму поради тоа беше стартувана и кампањата „Читањето е супермоќ“ со цел да се мотивираат и да се создадат нови вљубеници во литературата.

Голем број изданија за деца можат да се најдат по намалени цени во книжарниците на „Литература.мк“, каде што од 31 март до 11 април ќе се одбележуваат Деновите на детската имагинација. Изминатиот период беа издадени голем број книги што ја распламтуваат фантазијата, а само дел од нив можете да ги погледнете во листата во продолжение.

Тајниот клуб на црното прасе – ТКЦП“ – Билјана Црвенковска

 

Овој серијал е составен од шест книги што се напишани од Билјана С. Црвенковска, илустрациите се на Здравко Гиров, но воедно и детето треба да се вклучи во креирање на приказната и да го напише своето име на корицата како коавтор. Станува збор за изданија на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Секоја книга е со фокус на различен лик од серијалот. Приказната почнува со „ТКЦП: Мисијата ’Црното прасе‘“, каде што фокусот е на создавањето на оваа дружина, а главен лик е Тина. Потоа следуваат и „Глинвазија“, каде што главна е Ава, „Бургзила“, каде што се зборува за Тони, „Замокот на илјада мачки“ е епизода посветена на Рокси, „Канџа во мракот“ со приказна за Тони и завршната епизода е „Чудовиштето од мочуриштето“ е посветена на Симон. Серијалот е преполн со авантури или, накратко кажано, за шест херои и шест авантури.

Тито и Дино“ – Јана Мишо

Јана Мишо е позната по книгите за возрасни како „Анаис од Монмартр“ и „Скоро Парижанка“ и делата за млади, каде што главната хероина е Миа. Но, овој пат ја креираше сликовницата „Тито и Дино“. Еден ден, се случува нешто што Тито не може ни да го замисли. Додека оди накај училиштето, пред него нешто заблескува, многу чудно и многу силно. Личи на гром, но е толку блиску до него! Постепено, светлината добива две тркала, шипка и волан. Тито зачудено гледа како се создаваат дланки на воланот, па раце, па рамена, па глава, па тело, па нозе и, на крајот, пред него стои – дете на тротинет!

Кити“ – Пола Харисон

Серијалот „Кити“ е составен од пет книги напишани од Пола Харисон и илустрации на Јени Ловли. Главната протагонистка е девојче во текот на денот, а мачка ноќе и секогаш е подготвена за авантура. Во рамките на овој серијал се книгите преполни со неверојатни авантури: „Кити и спасувањето на месечевата светлина“, „Кити и златниот тигар“, „Кити и авантурата на небесната градина“, „Кити и бркотницата низ крошните на дрвјата“ и „Кити и големата парада со фенери“. Акцентот во овие дела е ставен на пријателството, семејството, храброста и градењето на самодоверба.

Што ако…?“ – Мет Мури и Ендру Р. Мекхју

Што ако некоја книга не ви кажува само како да размислувате, туку ве охрабрува да размислувате со своја глава? Сите големи, значајни активности почнуваат со прашањето: Што ако…? Што ако можевме да патуваме низ времето? Или да одиме во вселената? Што ако јадевме бубачки? Или ако броколи имаат ист вкус како чоколадо? Што ако можете да го промените светот кога ќе пораснете? Книгата „Што ако…?“ не е како ниту една друга книга што досега сте ја прочитале. Оваа книга не ви кажува што да мислите, туку бара од вас да размислувате со своја глава. Нејзината мисија: да поттикнува љубопитност и истражување. Ќе ве натера да поставувате прашања сè додека не се изморите. Ќе поставувате прашања сè додека конечно не ги претворите своите идеи во активност – отворајќи прозорци кон светови за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со поставувањето забавни, отворени прашања, „Што ако…?“ ви овозможува да го земете кормилото во свои раце. А историските настани, забавните активности и одговорите на деца исти како вас само го продлабочуваат истражувањето.

Јас сум Акико“ – Стефан Тиќми

Ова е книга за девојче кое не ги сака границите. Акико има пеги, го сака својот татко, кожата ѝ мириса на стара хартија и често е осамена. На другите им изгледа необично, а животот ќе ѝ се промени кога ќе ги запознае Баобаб и Марсел. Ова инспиративно поетско дело на Стефан Тиќми, кој е нов глас во српската книжевна сцена за деца и млади. „Јас сум Акико“ е една од најпродаваните книги за деца во Србија, која во 2018 година ја доби книжевната награда „Политикин забавник“. Корицата за македонското издание на оваа книга ја изработи нашиот уметник Ване Костуранов.

Toto and the fear“ – Марија Ливриниќ

Оваа сликовница е за сите деца кои сакаат да читаат на англиски јазик. Приказната е на Марија Ливриниќ, а илустрациите на Медина Хоџа и е дел од едицијата на „Арс Ламина“ насловена „Железница на чувствата“. Централна тема е стравот и справувањето со него претставен преку живописни илустрации што совршено го надополнуваат текстот.

Сите овие книги можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.


Koмерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот