Седуммина скопјани казнети со по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час
Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози поради кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Препорачано
Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот – полициски час, како мерка за спречување на ширењето на заразна болест. Без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници.
Надлежните јавни обвинители предложија Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.


