Седум држави на АПЕК со барање до Русија неодложно да ги прекине воените дејствија во Украина
Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои во знак на протест поради рускиот напад врз Украина го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), ја повикаа Русија веднаш да ги прекине воените дејствија.
Препорачано
Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека се длабоко загрижени поради хуманитарната криза во Украина.
„Потврдувајќи ја важноста на меѓународниот поредок заснован врз правила, кој поддржува отворен, динамичен, отпорен и мирен азиско-тихоокеански регион, силно апелираме на Русија веднаш да прекине со употребата на сила и целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од Украина”, се наведува во соопштението лиферувано од седумте држави.
Претставниците на некои земји го напуштија состанокот кога рускиот министер за економија Максим Решетников зборуваше на отворањето на дводневниот состанок во АПЕК во кој членува 21 држава. Делегациите на пет држави се вратија на состанокот по завршувањето на говорот на Решетников.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


