Седат Пекер од Африка: Немам македонски пасош со лажен идентитет

Седат Пекер

Адвокатите Дублин Караџа и Јасмин Калач денеска преку соопштение посочија демант од Седат Пекер за тоа дека поседува фалсификуван пасош со негова фотографија и туѓ идентитет.

Имајќи во предвид дека пракса на новинарството и новинарската етика, пред да се објави било каква вест, треба да се побара и став и мислење од другата страна, што во конкретниот случај не е запазено, бараме демантот од страна на Реис Седат Пекер за оваа вест која одекна во медиумите за фалсификувана патна исправа со негова фотографија и туѓ идентитет, да се објави во целост на вашиот портал, како што е правило и пракса во објективното новинарство. Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тендециозни.Дезинформирањето на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни“, велат во соопштението.

Од таму посочуваат дека Реис Седат Пекер бара јавно извинување за објавените прилози во истите термини и формати (вести) каде се емитувани прилозите за него.

„Објавата на овој демант ќе се смета за јавното извинување прочитано во целост и во форматот во кој е емитувано на сите портали. Во спротивно ќе бидат преземени сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на интегритетот, честа и угледот на засегнатите страни“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот