Се зајакнува тимот на Инфективна и „8 Септември“ со 54 медицински сестри и двајца интернисти

Скопје, Инфективна клинија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Целиот здравствен систем е активиран и мобилизиран со цел успешно справување со ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук.

-Инфективната клиника по систем на ротација се зајакнува со 27 медицински сестри од здравствените установи низ земјава. Додека пак, во 8 Септември како поддршка се испраќаат 27 медицински сестри и двајца интернисти. Нашиот тим функционира како едно и го дава својот максимум за третман на сите пациенти дијагностицирани со ковид-19, порача Филипче.

Поради недостигот од медицински кадар се реализира барањето од Министерството за здравство за привремена прераспределба на нови работни места, а на здравствените работници од Кочани кои од денеска во следните две недели ќе бидат ангажирани во Скопје, ќе им се придружат и нивни колеги од болниците во Велес, Кавадарци и Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот