Сè уште ништо: Една недела се трага по Ислам Лумани од селото Крани

Жителите од Преспанскиот регион и полицијата веќе една недела трагаат по 27-годишниот Ислам Лумани од селото Крани, кој исчезнал на 21 март и оттогаш нема никакви информации за него. Покрај семејството на Лумани, апел за помош упати и градоначалникот Живко Гошаревски.

– Полициските служби од полициската станица – Ресен, специјални полициски единици, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарните, ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на Ислам Лумани од село Крани. Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје. Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192, посочи Гошаревски.

Лумани, како што соопшти семејството, домот го напуштил на 21 март во 10 часот наутро, бил обчелен во сини пантолони, црно палто и црни чевли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот