Руски авион/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Се урнал руски авион, шест лица загинати

Рускиот транспортен авион Антонов Ан-26, во кој имало шест членови на екипажот, се урна денеска во близина на градот Хабаровск во источна Русија, пренесува руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на неименуван извор.

Според агенцијата ТАСС, авионот припаѓа на компанија која врши технички проверки на руските аеродроми.

Министерството за вонредни ситуации објави дека групите задолжени за потрага и спасување се упатиле кон местото каде што авионот исчезнал од радарот, пренесува Ројтерс.

Според министерството, авионот извршувал технички лет, а поради лошите временски услови, потрагата по авионот била отежната.

Претходно денеска руските власти потврдија дека транспортниот авион Антонов Ан-26 исчезнал од радарот во провинцијата Хабаровск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот