Се урна борбен авион Ф-15 на Саудиска Арабија поради технички дефект

Авионите Ф-15/Фото: EPA/JIM HOLLANDER

Борбен авион Ф-15 на саудиските воздухопловни сили се урна поради технички дефект за време на тренинг мисија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија.

Посадата од двајца членови безбедно се катапултираше.

Авионот Ф-15 беше на тренинг мисија кај воздухопловната база „Крал Абдулазиз”, во источниот дел на земјата, информираше воен извор.

Во тек е истрагата за причините за техничкиот дефект што ја предизвика несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот