Се туширате со врела вода? Откако ќе го прочитате ова веднаш ќе престанете!

Ништо не може да ја замени врелата купка кога надвор е ладно, но доколу толку многу сакате да си угодите, би требало да обрнете внимание на температурата на купката.

Нема штета се додека купката не е премногу жешка, зар не? Колку купката е потопла, толку повеќе ја суши кожата. Идеално, температурата би требало да се движи меѓу 36 и 38 степени, сметаат експертите.

Исто така, заклучено е дека купката со температура над 38 степени уморува и по излегувањето од неа ќе се чувствувате уште поисцрпени.

Киснењето во купка се препорачува максимално два пати неделно, бидејќи доколку тоа го применувате секој ден, премногу ќе ја исушите кожата.

За да ја одржите влажноста на кожата, подобро е да користите масло за бањање отколку пенлива купка. Во купката препорачливо е и да додадете природни ароматични масла, со цел да го анулирате и наталожениот стрес. Маслото од лаванда е одлично за таа намена.

Но доколку и понатака страдате од сува кожа по бањањето, обидете се нежно да ја истриете по бањањето и да нанесете високохранливо масло кое ќе ја регенерира вашата кожа.

Совет плус: За оние кои страдаат од висок или низок притисок, не се препорачува седење во купка чија температура надминува 36 степени, и не повеќе од 5 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот