Се шири огнената стихија во Грција: Како да се заштитите од пожар доколку се најдете во негова близина?

Фото: Пекселс/ sippakorn-yamkasikorn

Многу туристи кои планирале да летуваат во Грција – особено на Родос, морале да ги откажат аранжманите поради шумските пожари кои го зафатија овој дел. За кратко време се проширија и во други области: Крф, Евија…

По речиси една недела неконтролирано ширење во кое противпожарната служба мораше да се справи со повеќе од 300 пожари, многу од нив сè уште не се локализирани, бидејќи интензивниот чад ја отежнува видливоста. Исто така, десетици професионалци од други европски земји пристигнаа во Грција за да помогнат во нивното исклучување, пренесува српски „Нејшнал џеографик“.

Додека интензивно се работи на спречување на ширење на пламените јазици и поголем хаос, Министерството за надворешни работи отвори телефонска линија за туристите и странците кои сакаат да се вратат во своите земји, а Секретаријатот за цивилна заштита подготви план за да им помогне на граѓаните и деловните субјекти чии објекти или домови се оштетени.

Евакуација на илјадници туристи

Родос е една од главните туристички атракции на Грција, историско и уникатно место каде што можете да уживате во кристално чиста вода и траги од античка Грција. Меѓутоа, пожарот што избувна меѓу Киотари и Лардос ги принуди властите да ги евакуираат туристите кои се наоѓале во тој реон, за да се избегнат можни штети.

Владиниот портпарол Павлос Маријанакис рече дека ова е најголемата операција за евакуација во историјата на земјата, при која повеќе од 19.000 луѓе биле преместени во безбедни области и засолништа, како конференциски центри, хотели и училишта. И во оваа смисла, тој истакна дека заштитата на човечкиот живот е приоритет.

Што значи ова за здравјето на луѓето?

Покрај тоа што пожарите предизвикуваат големи материјални штети и претставуваат голема опасност за флората и фауната, тие претставуваат и опасност за луѓето. И не само поради изгореници, или вдишување чад и саѓи, туку и поради токсични честички. Истите тие честички ПМ 2,5, како што тврдат научниците, се поврзани со зголемен ризик од астма, белодробни заболувања и прерана смрт.

Но, тие можат да предизвикаат и сериозни здравствени проблеми доколку стигнат до крвотокот во големи концентрации. Знаци на труење со јаглерод моноксид во крвта вклучуваат главоболки, вртоглавица, гадење и дезориентација.
„Честичките од чад се една од најтоксичните форми на честички што можеме да ги внесеме“, тврди хемичарот Атанасиос Ненес од Швајцарскиот федерален институт за технологија во Лозана. „Кога ќе ги вдишете, тие ја зголемуваат вашата шанса да заболите од секаков вид рак.

Што треба да направите ако се најдете „опкружени“ со оган?

Покрај Родос и Атика, пожари во наредните денови се закануваат и на Сардинија, Крит, Сицилија, како и делови од југозападна Турција.

Доколку се упатите кон една од овие дестинации или допрва треба да го направите тоа, Црвениот крст издаде предупредување како да се заштитите доколку се најдете во близина на пожар:

  • Останете присебни
  • Погрижете се да сте на безбедно место и што подалеку од чадот
  • Ако се најдете во автомобил, затворете ги сите прозорци и отвори
  • Ако сте дома, чувајте ги вратите и прозорците затворени, но отклучени
  • Веднаш повикајте служби за итни случаи – пред да патувате, прашајте ги и забележете ги броевите во телефонската служба на земјата во која патувате
  • Обезбедете информации за локацијата и големината на пожарот, како и сите други релевантни детали
  • Носете чевли со затворени пети, долги памучни или волнени панталони и кошули со долги ракави и носете ракавици
  • Штом ќе видите чад, намокрете салфетка со вода за да го заштитите лицето
  • Носете крпи за да ги намокрите и да ја покриете главата, голата кожа или да ги завиткате нозете во случај да треба да поминете низ помали пожари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот