Се шеташ низ град, се сопнуваш на торба, а во неа 16.000 евра
Граѓанин на Германија изгубил торба со 16.000 евра. Торбата, сосема случајно ја пронашол минувач под едно дрво, па му ја вратил на сопственикот.
Човекот кој ја пронашол торбата има 51 година. Тој ја алармирал полицијата откако се сопнал на торба во градот Крефелд на бадниковата вечер. Полицијата за брзо време го открила 63-годишниот сопственик на торбата, која уште истиот ден му била вратена.
Пронаоѓачот на торбата одбил да прими награда за доброто дело тврдејќи дека е Божиќ, известила локалната полиција од каде додаделе дека „луѓето за Божиќ навистина имаат добри намери“.
Во Германија секој кој ќе најде некој предмет може да добие парична награда исто онолку колку што вреди пронајдениот предмет. Случајниот пронаоѓач во овој случај можел да добие награда од 490 евра.
Оваа вест на социјалните мрежи во германија била доста коментирана. Најголем број од граѓаните се прашувале зошто некој шетал со толку многу пари во торба.
Сопственикот на торбата изјавила дека тоа е навистина несекојдневно, но дека се чуствува сигурно кога парите се со него.