Сè сама носам на мојот грб, не заслужувам да живеам без деца… (ФОТО)

Фото: Инстаграм

За наводната криза во бракот на српската пејачка Тања Савиќ и нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ веќе долго време се пишува, а сега пејачката за првпат прозборе на оваа тема.

Тања поради короната веќе неколку месеци е во Србија, а нејзиниот сопруг и нивните два деца се во Австралија. Раздвоеноста од децата, како што вели таа, тешко и паѓа.

Фото: Инстаграм

– Ги однесе децата во Австралија, прво поради короната, а сега се грижам и малку се нервирам. Авионите не летаат сега, а со тоа ми е скратено правото да ги прегрнам децата. Ќе бидам трпелива, се надевам брзо ќе се среди ситуацијата. Короната се враќа полека, ова ни беше лажна надеж. Ако биде така, не знам како ќе заминам за Австралија. Имав голема криза, најмногу за Австралија. Можете да замислите што може да се случи, нормално тоа не е најважно – рекла пејачката за емисијата „Ексклузив“.

– Ние се сакаме, но не сме направиле договор каде ќе живееме. Многу тешко ни падна разделеноста. Јас ја сакам работата, но не е се во тоа. Јас ако сум среќна таму, ќе живеев таму. Постои една работа која не ми се допаѓа таму. Мене да ми беше убаво, немаше да се вратам за Србија – објаснила Тања.

– Многу работи ме мачат. Откако тука изградив кариера, жалосно е да фрлам се во вода на 35 години. Не сум себична, сакам да уживам во животот и да ги прегрнувам моите деца. Се финансирав јас, плаќам училишта, кирија, исклучиво јас. Ова се интимни работи од мојот живот, сето тоа го носам на грбот, мислам дека не заслужувам да живеам без децата. Мојот сопруг вели дека таму е подобро образованието… изјавила пејачката, а потоа прозборе и за бракот.

– Што се однесува до мене и Душан, тој мора да одлучи некои работи. Можеби му недостига кариера, тој се напушти поради мојот успех. Сите големи ѕвезди живеат тука и ништо не им недостига. Не сакам да ги експонирам децата во јавност, ја чувам нивната приватност – заклучила Тања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот