Се роди Ива: Фудбалерот Влатко Гроздановски стана татко по вторпат!

Фото: Фејсбук

Поранешниот репрезентативец и фудбалер на ФК Варадар, Влатко Гроздановски стана татко по втор пат. Среќната вест фудбалерот ја сподели на социјалните мрежи каде напиша:

– Денес, 18-ти ноември 2020 по втор пат станав татко. Мојата сопруга Христина Мицевска Грозданоска на свет ја донесе нашата втора ќеркичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко, беа зборовите со кои Влатко откако одново стана статко и посака добредојде на овој свет на својата втора  ќерка, пресреќен што двете сестрички ќе растат заедно.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е Vlatko-Grozdanovski-objava.jpg

Инаку Влатко и Христина се долги години заедно, а пред четири години тие ја крунисаа нивната љубов со свадбена веселба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот