Се реновираат и опремуваат детски градинки во Битола

Фото: МИА / илустрација

Општина Битола ја привршува санацијата на кровот на детската градинка Вангел Мајорот” во населбата „Карпош”, а променета е кровната површина и во детската градинка Пролет”.

За реализација на овие проекти од буџетот се издвоени 2,8 милиони денари, информираа од Општина Битола.

Во изминатиот период реконструирана и обновена е внатрешноста на детските градинки, набавени се кујнска опрема, професионални фрижидери, машини за миење на садови за што инвестирани се околу 500.000 денари, купени се нови теписи за сите објекти на ЈОУ Естреја Овадија Мара” во износ од над 430.000 денари. По повеќе од три децении комплетно се опремени со нов мебел, гардеробери, масички, столчиња, шкафчиња, клупи и креветчиња, детските градинки Снегулка” и Пролет” за што вложени се над 1,5 милион денари, нагласуваат од тамошната локална самоуправа.

Како што е познато во Битола, за првпат по 30 години ќе се градат нови детски градинки во просторот на поранешната Касарна и во близина на ОУ „Св.Климент Охридски”, а со адаптацијата на просторот во два други објекти, во голема мера ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во овој град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот