Се разгорува конфликтот во Нагорно Карабах: Ерменците погодија касарна, загинаа 200 војници (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENCE MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT / BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека ерменските сили уништиле склад со гориво на вооружените сили на Азербејџан и дека во гранатирањето е погодена и касарна во која загинале 200 војници.

„Како резултат на одлично изведените акции на Армијата за одбрана на Карабах, уништен е еден склад со нафтени деривати од витално значење за азербејџанската војска“, објави на Фејсбук портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањан покрај видеото од уништувањето на складиштето.

Претставник на Министерството за одбрана на Ерменија Арцрун Ованисјан на својот Фејсбук објави дека покрај уништеното складиште се наоѓала касарна со непријателски војници.

Според неговите зборови, војската на Карабах го гранатирала складиштетот со гориво покрај кое е уништена и касарната.

-Во касарната има 200 жртви. Нивната војска за нив не претставува никаква вредност, напиша Ованисјан, објави Спутник.

Претходно беше објавено дека војската на Карабах со ракетни и артилериски удари ликвидарала две непријателски складишта на гориво и масла. Борбите во зоната на судири на Карабах траат од 27 септември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот