Се расчистува ѓубрето околу трговскиот центар во населба Лисиче
Од Општина Аеродром истовремено упатуваат и апел до граѓаните да се однесуваат совесно кон јавните површини, да не се нанесува штета на околината и со тоа да се зачува просторот кој е секојдневие за многу граѓани и деца.
Просторот околу трговскиот центар во населба Лисиче, а особено премините помеѓу дуќаните кој беше „затрупан“ со ѓубре конечно се расчистува, информираат од Општина Аеродром.
Препорачано
Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат голема акција за темелно чистење на Трговскиот центар во Лисиче и неколку други локации низ населбата. Се чистат сите делови на трговскиот, а најмногу се загадени премините меѓу дуќаните, каде што со години се трупало ѓубре, кое покрај грдата слика, со неговото распаѓање создаваше и непријатна миризба – информираат од оваа скопска општина.
Од Општина Аеродром истовремено упатуваат и апел до граѓаните да се однесуваат совесно кон јавните површини, да не се нанесува штета на околината и со тоа да се зачува просторот кој е секојдневие за многу граѓани и деца.
Јавната чистота и хигиена ни се на прво место, се грижиме подеднакво за сите и ниту еден дел од Аеродром нема да биде запоставен – заклучуваат од Општина Аеродром.


