Се продава станот во кој живееле Џони Деп и Амбер Херд

џони деп
Се продава станот во кој живееле Џони Деп и Амбер Херд/Фото: Profimedia/Courtesy of Douglas Elliman Realty

Поранешниот стан на Џони Деп и Амбер Херд во центарот на Лос Анџелес, САД моментално се продава за 1.765.000 долари.

Фото: Courtesy of Douglas Elliman Realty

Пентхаусот во артдеко стил се наоѓа во една од најистакнатите историски знаменитости во Лос Анџелес, зградата „Eastern Columbia“.

Фото: Courtesy of Douglas Elliman Realty

Дуплексот се простира на 165 квадратни метри станбена површина. Има една спална соба, две бањи и отворен простор за дневна и трпезарија. Просторот е уреден во неутрални бои и минималистички стил.

Фото: Courtesy of Douglas Elliman Realty

Во рамките на зградата, станарите можат да корист и базен кој се наоѓа на покривот, спа центар, зен градина и фитнес студио.

Инаку, Џони Деп претходно поседувал пет пентхауси на врвот на зградата „Eastern Columbia“. Сепак, по разводот со Амбер во 2016 година, актерот ги продаде за вкупно 12,78 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот