Се претера родот во амбарот на Заев

Беше тоа една долга и тешка сезона на сеидба. Ни дожд, ни сонце кога треба, а и семето повремено влажно, понекогаш суво, со многу мака да се просее и од него да се извади каколот, тоа ливадско сино-црвено цветче со отровно семче… И не е дека и сега по нешто не ни чкрипи под забите.

Ама, како што велат, „Што си сеел, тоа ќе жнееш“ – „нивата“ годинава богато роди, Македонија отвора и преговори со ЕУ, во истиот месец кога го потпишавме пристапувањето во НАТО! Се претера родот во амбарот!

Политичка флоскула е да се каже дека „сите сме заслужни за тоа“. Не сме. Ова историско достигнување си има неколку имиња и презимиња кои го изнесоа товарот на свои плеќи и на свој ризик, а ние, повеќето други, главно навивавме од трибините, збунети и разочарани кога примавме „голови“, засипнати и вчудовидени кога го „израмнувавме“ резултатот, додека во самите продолженија не обезбедивме победа. Тој тим си има свој капитен и неколку голгетери кои ќе си останат запишани во македонската историја и кога другите, „мила моја“, одамна ќе нè покрие „рузмарин, сњегови и шаш“.

Прочитајте и...  Акција на Слободен печат: И нашите деца се медиумски ѕвезди на Денот на шегата! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

А за да биде приказната комплетна, одлуката на ЕУ за отворање преговори со нас веднаш беше и „оверена“ со седумдесетина милиони евра за земјава, вонредна и итна помош за справување со вирусната епидемија кај нас. „Бељата“ никогаш не оди сама.

Додуша, некои други, во меѓувреме, сееја едно друго „семе“…

Колку само напори се вложија тој евро-атлантски пат да се блокира! Практично, до некни. Тие и сега се збунети и шокирани од развојот на настаните – европските министри едногласно и безусловно препорачуваат отворање на преговори со Македонија!

Не собраа ниту минимум достоинство, барем да излезат со една писмена честитка до нацијата. Да обезбедат макар една запирка, да се најдат во некоја заграда, како споредна содржина во историските читанки кога ќе се објаснува овој успех на Македонија. Тапа. Останаа заробени во својата теснограда, историска „карма“.

Прочитајте и...  Дури 59% од заразените пријавиле еден ист симптом на коронавирусот без оглед на тежината на клиничката слика

Напротив, не би било за чудење ако нивниот прочуен „правен тим“ уште од вчера подготвува писмена претставка, протест, петиција, вербална нота – што да е – до Европската комисија со која ќе се обжали ова решение на ЕУ за Македонија, бидејќи било донесено без физичко присуство на министрите во Брисел. Како може тоа?! Во кој европски документ пишува дека така може да се гласа?! Да се поништи решението, од процедурални причини! … Или макар да се испрати на Венецијанска комисија да го толкува!

Добро, што е, тука е. Не мора сите да се ни за Европа ни за НАТО, да не претеруваме, не се тоа приказни кои пленат со својата сегашна привлечност. Навистина, памтат тие и подобри времиња. Ќе фатевме и ние нешто од тие поубави спомени, да не се влечкавме по патот сите овие изминати години.

Прочитајте и...  Започнува ерата на деглобализација и локализација, Кина станува сè подоминантна

Но, сега е важно да си ги фатиме за рачиња нашите сограѓани кои имаат проблем со напреднатата евро-атлантска агенда на земјава и да ги „преведеме“ од другата страна на улицата, без да ги згази некој. Таа задача ќе си кулминира на изборите, кога и да се спроведат годинава, а нивниот исход ќе биде прослава за подобрата иднина на Македонија.

Оти, како и во секое семејство, така и во македонската политика, секогаш имате едно паметно, работливо, успешно дете; и едно за „да е здраво и живо“… Ги пропуштија првите сто, ама можда памет ќе им дојде во наредните сто години?!

Прочитај повеќе

Граѓаните загрижени, ретко кој го забележа снежното Скопје (ВИДЕО)

Слободен печат

Започнува ерата на деглобализација и локализација, Кина станува сè подоминантна

Слободен печат

Белгијка (90) одбила респиратор па починала: Чувајте го за некој помлад, јас имав добар живот

Слободен печат

Нема шегување со коронавирусот на 1. април: Овие земји ги казнуваат шегобијците

Слободен печат

Акција на Слободен печат: И нашите деца се медиумски ѕвезди на Денот на шегата! – 5 ДЕЛ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Слободен печат

Дури 59% од заразените пријавиле еден ист симптом на коронавирусот без оглед на тежината на клиничката слика

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Михаела од Скопје го победи коронавирусот: Се чувствувам како најсреќниот човек на светот! (ВИДЕО)

Слободен печат.

На мака се познаваат јунаците

Сашо Орданоски

Полудиктатури, вонредна состојба и полициски час- Како Балканот се бори против коронавирусот

Дејан Андоновиќ

Трето европско жариште: Преку 52.000 заразени и 3.500 починати

Слободен печат

Жителите на Вухан по повеќенеделната изолација, излегоа да купат свежи намирници

Слободен печат

Акција на Слободен печат: И нашите деца се медиумски ѕвезди на Денот на шегата! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Слободен печат