Се појавија нови слики од Џонсон од забавите во неговиот кабинет за време на локдаунот во Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон, случај „Забавите на Даунинг стрит“/ Фото ITV News

Британски Ај-ти-ви Њуз објави нови фотографии на кои се гледа како премиерот Борис Џонсон учествува на забава во неговата канцеларија во време кога беа воведени строги ковид-мерки низ целиот остров. Овие фотографии фрлаат нов сомнеж врз тврдењата на премиерот дека тој не бил свесен за кршење на правилата за време на локдаунот.

Сликите го прикажуваат премиерот Џонсон со чаша во рака на 13-ти ноември 2020 година, со шишиња алкохол и храна на забава во неговата канцеларија.

Тој и останатите членови на кабинетот биле снимени на собирот во чест на тогашниот директор за комуникации на Даунинг стрит, Ли Кејн, со осум луѓе што стојат блиску заедно, како и фотографот.

На неколку од фотографиите, Борис Џонсон изгледа како да држи говор, со чаша во рацете.

Овие слики се едни од низата кои се појавија низ британксите медиуми во изминативе месеци. Џонсон беше казнет претходниот месец од страна на британската полиција, но истрагата е се уште во тек, а овие слики дефинитвно претставуваат нов удар за британскиот премиер, соочен со големи негодувања.

ФОТО | Џонсон фотографиран со шампањ на божиќна забава во Даунинг стрит, полицијата го истражува случајот

Роденденската забава од сопругата може да биде „нокаутот“ за Џонсон

Британците го зголемија притисокот врз казнетиот премиер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот