20.8 C
Скопје

Се појави видеото во кое принцот Хари го моли шефот на Дизни да ја вработи Меган (ВИДЕО)

Принцот Хари мораше да моли за неговата сопруга да добие работа.

Војвотката од Сасекс и сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл се согласи да и го позајми својот глас на филмската компанија Дизни.

Како што вели Дејли Мејл, британскиот принц Хари морал да го замоли директорот на Дизни за оваа работа.

Според весникот, на премиерата на „The Lion King“ во Лондон во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил можноста да му укаже на Ајгер дека неговата сопруга е заинтересирана да го позајми гласот во еден од анимираните филмови.

„Дали знаете дека таа може да позајмува глас?“, го праша Хари, Ајгер во видеото, кое е снимено од еден обожавател.

„Таа е навистина заинтересирана“, продолжи принцот, на што рече директорот на Дизни кажа, „Би можеле да се обидеме. Тоа е одлична идеја“.

„Британски тајмс“ вчера објави дека Меган Маркл потпишала договор со Дизни за да позајми глас во замена за донација на добротворната организација за заштита на животните од ловокрадците „Elephants Without Border“.

Инаку, принцот Хари и Меган Маркл ја изненадија јавноста во средата со одлуката да се повлечат од функцијата „високи“ членови на кралското семејство и да станат финансиски независни.

Во второто видео јасно се слуша дека Игер и кажува на Меган да му испрати мејл за нејзината работа.

Поврзани вести

ФОТО | Кое е новото момче на Цеца: Син на поранешен спортист и политичар, угостител и татко на малолетна ќерка

Слободен печат

Новогодишни бастунчиња

Слободен печат

ВИДЕО | Синот на познатиот политичар објави емотивно видео: Амди Бајрам плаче додека му пее Шериф Коњевиќ!

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО | 48 часа предходно сам на себе си ставал витамински инекции: Познатиот пејач почина од Ковид – 19!

Слободен печат

Ќерката на Трамп беснее на плажа во Мајами, Американците се бесни на неа: „Стави маска на лицето!“

Слободен Печат

Свежа кожа – ново лице: Жолт индиски пилинг од куркума кој длабински ја чисти кожата за само 20 минути

Слободен печат

Остави Коментар