Се подотвора воздушниот простор на Грција: Од Атина почна да се полетува и да се слетува

Со цел да се гарантира безбедноста на летовите, од грчките аеродроми се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања, како и дел од транзитниот воздушен сообраќај во три сектори. Техничкиот проблем, со размер со кој надлежните се соочуваат за прв пат, сè уште се истражува, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, откако претпладнево, поради проблем со радиофреквенциите, беше затворен воздушниот простор над земјата.

По неколкучасовен прекин во воздушниот сообраќај, постепено започнаа полетувања и слетувања од грчките аеродроми, пред сè од атинскиот, кој е најголем во земјата, каде што беа регистрирани доцнења на околу 75 летови.

Од Службата за цивилно воздухопловство информираа дека активностите за повторно воспоставување на радиофреквенциите продолжуваат во координација со надлежните надворешни институции, додека на оперативно ниво службата е во постојана комуникација со Европската организација за безбедност и координација на воздушниот сообраќај – EUROCONTROL.

Од најголемата телекомуникациска компанија во Грција, ОТЕ, соопштија дека по известувањето од Службата за цивилно воздухопловство е извршена првична проверка, при што не биле утврдени технички проблеми во нивните системи. Сепак, од компанијата нагласуваат дека се во тесна соработка со надлежните служби за да се помогне во утврдувањето на причините и во изнаоѓањето решение.

Проблемот со радиофреквенциите се појавил околу 9:30 часот утрово. Извори од Министерството за транспорт на Грција претпладнево брифираа дека одредени фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина – воздушниот простор на земјата – се соочуваат со технички пречки.

Како што беше посочено, проблемот се истражува во соработка со надлежни надворешни институции, а со цел целосно да се зачува безбедноста на летовите, моментално се опслужува само дел од прелетите и се воведени ограничувања на грчките аеродроми.

Чуден проблем Во Грција: Ниту еден авион не може да слета и да полета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот