Хаварисани возила/ Фото: Општина Карпош

Се отстрануваат хаварисани возила од тротоарите и паркинзите низ Карпош

Продолжува акцијата за подигнување на стари отпадни возила без регистарски таблички, кои се наоѓаат на територијата на Карпош, во соработка со колективниот постапувач  Друштво за управување со отпад „Греен роад “.

Согласно позитивните законски прописи, Општината со соодветна налепница ги информира сопствениците за нивната законска обврска да ги дислоцираат возилата од односната локација. По истекување на рокот, Општина Карпош во корелација со овластениот колективен постапувач, го извршува дислоцирањето на возилата, велат од Општината.

хаварисани возила/ Фото: Општина Карпош

Оттаму апелираат до сите граѓани кои поседуваат ваков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на официјалните инспекциски служби од Општина Карпош, да ги отстранат своите возила.

Доколку не го сторат тоа, возилата ќе бидат отстранети на трошок на сопствениците и ќе бидат транспортирани во собирен центар-депо, каде што ќе бидат оставени седум дена, а потоа ќе бидат однесени на рециклирање. Акцијата ќе продолжи се до конечно подигнување и отстранување на сите отпадни возила од територијата на локалната самоуправа, истакнуваат од Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот