Се огласи бендот кој свиреше на свадбата на сплиќанката која загина во страшната несреќа во Венеција: Ова е најтажната објава во кариерата

Фото: Facebook / Antonela Bakovic

Во трагичната автобуска несреќа кај Венеција загина младата Хрватка, а нејзиниот сопруг беше тешко повреден. Според информациите кои локалните медиуми ги пренесоа, загинатата девојка која била бремена е 24-годишната сплиќанка Антонела Баковиќ.

Откако беше објавена оваа трагична вест за младата сплиќанка, која пред само еден месец се омажи и замина на меден месец со својот сопруг, преку фејсбук-објава се огласи бендот кој свирел на нивната свадба.

„Ова е најтажната објава во мојата музичка кариера… Пред нешто помалку од еден месец заедно го прославивме вашиот нов почеток, пеевме и свиревме додека го имавме последниот атом сила, а сега срцето ми пука од тага и болка, бидејќи сè заврши во еден момент… Драга, почивај во Божјиот мир… До семејството, искрено сочувство од мое лично име и од името на сите членови на бендот“, напиша Миро Боем.

Да потсетиме, несреќата се случи во градот Местре, на 9 километри од центарот на Венеција, кога автобус со туристи удрил во заштитна ограда на надвозник, а потоа се превртел и паднал во провалија во висина од нешто повеќе од 10 метри.

Во страшната автобуската несреќа загинаа деветмина Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци, една Јужноафриканка, една Хрватка и возачот од Италија. Фудбалерот Марко Баковиќ, сопруг на загинатата сплиќанка е тешко повреден при падот на автобусот.

Познат е идентитетот на сите жртви во автобуската несреќата кај Венеција

Кобно заврши медениот месец за младиот брачен пар од Сплит: Во несреќата кај Венеција загина 24 годишна трудница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот