Се одржа традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно

Бадникари / Фото: Архива на Слободен печат

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на традиционалното собирање на бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно. Оваа манифестација традиционално се одржува по 28-ми пат и истата е во организација на граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

На овој собир, Шилегов ја искористи можноста да им се заблагодари на членовите на одборот за прослава на Бадник за негувањето на оваа убава традиција којашто со години наназад ги обединува и ги зближува граѓаните на Скопје. Тој им посака успешна организација, а на граѓаните им посака среќни новогодишни и божиќни празници.

На манифестацијата присуствуваа и кумот бадникар за 2020 година, Антони Пешев и здравичарот, Климе Коробар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот