Се одложи судската расправа за пожарот во модуларната болница во Тетово
Денешната главна расправа за случајот со пожарот во модуларната ковид болница во Тетово се одложи бидејќи во судницата во Судот во Тетово не пристигна еден од обвинетите Артан Етеми. Неговата одбрана извести дека обвинетиот е во тешка здравствена и психичка состојба бидејќи починала неговата мајка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Новото рочиште судот го презакажа за 31 јануари во 10 часот.
На обвинителна клупа за пожарот во модуларната болница се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице.
Пред почетокот на денешното рочиште група граѓани и овојпат протестираа пред судската зграда и бараа ослободување од вина на д-р Бобан Вучевски и правда за случајот, зошто како што рекоа, вистинските виновници за пожарот не се во судницата и против нив нема покренато обвинение.
Со аплаузи беше поздравено влегувањето на д-р Вучевски во судот во Тетово.
Инаку во пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година животите ги загубија 14 луѓе.


