Поевтинуваат горивата, најмногу дизелот

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на литар од бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81 денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и тој ќе се продава за 71 денар по литар, додека цената на Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 70 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се зголемува малопродажната цена Мазутот М-1 НС и тој од полноќ ќе чини 41,437 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,666 отсто, кај дизелот за 6,122 и кај екстра лесното масло за 6,12 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,865 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,064 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот