Се намалува бројот на новозаразени во Германија, постепено се укинува обврската за носење маски

Вакцинација против коронавирусот во Германија
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Бројот на новозаразени со коронавирус во Германија е во опаѓање, поради што министерот за здравство Јенс Шпан најавува постепено укинување на обврската за носење маски.

– При инциденции во опаѓање, би требало да преземаме чекори постепено: прво може да отпадне обврската за носење маски на отворено, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан за весниците од медиумската групација Функе, пренесува Дојче веле.

Во регионите со многу ниска инциденција и висока стапка на вакцинирање, обврската би можела да се укинува постепено и за затворени простории, вели тој.

Германската министерка за правда Кристине Ламбрехт од покраините побара за расчистат дали и каде обврската за носење маски е сѐ уште соодветна. Тоа особено се однесува за учениците, кои мора да носат маски со часови. Тоа е оптоварување, рече Ламбрехт за весникот „Билд ам Зонтаг”.

Инаку, во Германија првпат по повеќе од осум месеци има помалку од 1000 новоинфицирани за 24 часа. Институтот „Роберт Кох” регистрира 549 нови случаи. Бројот на новоинфицирани последен пат беше трицифрен во септември минатата година, пренесува Дојче веле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот