Се крчкаат реформите во правосудниот систем, од ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на седницата во Министерството за правда

Седница на Советот а следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор/Фото: Министерство за правда

Министерот за правда Кренар Лога на членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор на вчерашната седница која за прв пат се одржа со физичко присуство им порача дека е неопходно одредени активности да бидат дел од новата развојна Стратегија.

Според препораките од министерот Лога, надлежноста за издавање на лиценци за вештаци, од Министерството за правда треба да се префрли на надлежните комори, додека правосудниот испит, како и испитите за нотари и извршители наместо во Правда да се полагаaт во Академијата на судии и јавни обвинители.

Министерот за правда Лога по сопствена иницијатива побарал да се укине дискреционото право на министерот за избор на нотари и извршители за да се обезбеди транспарентост во постапките за нивно именување.

Меѓу другите препораки е предвидување на кривична одговорност на судиите поротници кои исто така треба да поднесуваат анкетни листови за имотната состојба. Исто така препорачува и присуство на јавност во сите постапки пред Апелационите судови и Врховниот суд.

-Дел од предлозите за кои ќе треба во наредниот период да се дискутира се укинувањето на Вишиот управен суд за што ќе биде потребна целосна реформа на управното право, како и измени на Законот за Судскиот совет во начинот на избор и разрешување на членови на советот, соопштија од Министерството за правда и додаваат дека на седницата се отворила јавна дискусија за сите забелешки, коментари и предлози од сите членови на Советот по однос на активностите од Акцискиот план.

Од седницата на Советот отсуствувале претставници од ВМРО – ДПМНЕ и покрај тоа што биле уредно поканети да присуствуваат. Сепак во партиското седиште ќе им биде доставена драфт верзијата од Развојната Стратегија и од Министерството очекуваат да добијат од нив конкретни забелешки и коментари за одредени прашања.

-Стратегијата е од исклучителна важност од аспект на донесувањето на Патоказот за владеење на правото и негово имплементирање, а со неа се очекува да се зголеми довербата во правосудството, потенцираат во соопшетението од Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот