Се бараат поголеми бенефиции за бебињата во Црна Гора

Бебе
Илустративна фотографија на бебе / Фото: Unsplash

Пратениците од Демократска Црна Гора и Демос до собраниска процедура поднесоа предлог за измени на Законот за детска и социјална заштита. Тие предвидуваат дека надоместоците за новороденчиња треба да бидат 900 евра, односно за семејствата корисници на материјално обезбедување 1.000 евра.

Борис Богдановиќ, претседател на Клубот на пратениците Демократи-Демос, рече дека еднократниот надоместок е определен со постоечкиот Закон за детска и социјална заштита и дека тоа право го остварува родител, посвоител или згрижувач.

– Со тој акт е предвидено надоместокот да изнесува 109 евра, а за семејствата кои добиваат материјално обезбедување 131 евро. Според официјалните податоци имаме негативна стапка на природен прираст која лани изнесуваше минус 3,4 отсто. Ваква статистика имаме првпат откако се собираат податоци кај нас – рече демократскиот пратеник. Според него, „белата чума“ е присутна во 20 од вкупно 24 црногорски општини. Позитивна стапка е забележана само во Будва, Подгорица, Тузи и Рожаје.

– Затоа предложеното зголемување на надоместоците за новородено дете претставува конкретна мерка со која би се подобриле материјалните услови за покривање на основните трошоци на секое новороденче, како нов член на нашето општество – рече Богдановиќ.

Претходната влада на Здравко Кривокапиќ во април, пред да замине од власт, предложи сите бебиња родени од почетокот на оваа година да добијат еднократен надоместок. Проценките беа дека ова право годинава ќе го остварат седум илјади новороденчиња, а од буџетската резерва за исплата се издвоени пет милиони евра, пишува Новости рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот