Исчезнатиот Стојанче Клифов / Фото: приватна архива

Се бара исчезнат велешанец – семејството и полицијата трагаат по Стојанче Клифов

Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов (48) интензивно трагаат по него, откако пред речиси 24 часа, околу полноќ во сабота кон недела, му се изгубила секоја трага.

Сестрата на Стојанче вели дека нејзиниот брат живее со нивните родители и никогаш досега не се случило да замине без да каже каде оди. Овој пат, тој излегол од домот ненадејно, вели таа.

Според информациите, Стојанче излегол околу полноќ, а последен пат бил виден како се вози со такси кое го оставило кај маркетот „Жито“. Со себе го имал телефонот, но токму во таа зона, по излегувањето од таксито, сигналот се изгубил.

Сестрата додава дека станува збор за крупен човек, висок околу 1,83 метри. Блиските се вознемирени и велат дека секоја информација може да биде клучна во потрагата. Тие ги повикаа сите кои имаат некаква информација за Стојанче, да се јават на бројот 076-226-323.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот