„СДСМ, ВМРО и ДУИ да замолчат за правото и правдата“: Алтернатива за пресудата во Стразбур

Фото: Слободен печат

„Главната порака која денес ја добивме од Стразбур е дека правдата пред се ја делат домашните правосудни органи и тие не можат да ја преземат нивната улога. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои 32 години се менуваат на власта, заедно со ДУИ кои 22 години се власт, треба да замолчат на оваа тема бидејќи имаат подеднакво одговорност за катастрофалните состојби со владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност“ – се наведува во реакцијата на довчерашниот владин партнер Алтернатива за денешната пресуда на Европскиот суд за човекови права поврзана со укинатата аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

„Наместо дневно политички препукувања меѓу двете најголеми македонски партии, кои намерно по свое ја толкуваат пресудата на ЕСЧП, конечно треба да и погледнеме на вистината во очи. Благодарение токму на овие три партии Северна Македонија наликува на ‘Ел Дорадо’ во кое партиите се најголем извор на корупција во државата. Времето за декларативни заложби одамна заврши. Сега е време за акција“, додаваат од Алтернатива.

Од партијата велат дека имаат конкретен, издржан и правно формулиран предлог за директно соочување со политичката корупција на партиските кадри во власта.

„Најодговорните партии треба да престанат да избегнуваат да се произнесат за нашиот предлог. Со висок степен на консензус уставниот амандман на Алтернатива за спречување на застарувањето на кривични дела сторени од носители на функции во законодавната, извршната и судската власт, веднаш ќе стане реалност. Да не ја бараме Европската правда во Брисел, Стразбур, Париз, Берлин, да ја донесеме дома. Секогаш има Алтернатива“, се вели во реакцијата.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска соопшти дека апликациите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени поради тоа што не се исцрпени сите домашни правни лекови.

За Владата одлуката од Стразбур е во корист на државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот