СДСМ вечерва на Извршен ќе ја формализираат одлуката, Јован Митревски да биде нов претседател на Собранието

Вечерва во 20 часот владејачката СДСМ ќе одржи состанок на раководството на партијата, а потоа и на Изврешен на кој се очекува да го потврдат името на координаторот на пратеничката група на партијата Јован Митревски за претседател на Собранието на местото на Талат Џафери.

ДУИ вечера информираше дека одлучиле Џафери да ја преземе функцијата технички премиер од 28-ми јануари, а ќе ја извршува се до изборот на новата Влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партиските тела доправа ќе носат одлука дали ќе номинираат свои министри и заменици или нема да прифатат да бидат дел од техничка влада предводена од Талат Џафери.

Ваквите најави од опозициската партија, СДСМ ги толкуваат единствено како алиби, за катастрофалниот пораз кој ги очекува на претстојните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот