СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им пречи што Љупчо Николовски е сериозно посветен на борба против корупција

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот и корупцијата и нема минимум легитимитет да зборува за владеење на правото. 

Очигледна е нервозата во белиот дворец по пресудата за предметот „Тврдина-Таргет” и што конечно со правдата се соочи Сашо Мијалков човекот кој беше во врвот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој заедно со Никола Груевски го поставија Мицкоски на чело на партијата, па затоа продолжуваат со лажни вести и неосновани обвинувања.

Бројните судски предмети што се водат против сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ најдобро го опишува односот на оваа партија кон правдата и законите, а последна потврда за тоа е синоќешното приведување на претседателот на патриотскиот инситут на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов кој не ги почитувал законските ограничувања и мерки за заштита од коронавирусот.

На ВМРО-ДПМНЕ им пречи што Љупчо Николовски е сериозно посветен на борба против корупција на сите нивоа и затоа им е цел на лажни вести и неосновани напади.

Ниту Николовски, ниту неговиот брат, ниту кој било член на неговото семејство нема ниту добиено, а најмалку злоупотребено ниту еден денар од државата,како што лаже опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Николовски, Владата, СДСМ остануваат посветени на ред, правда и дисциплина, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени на одбрана на криминал и корупција во своите редови. Затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму.

Николовски во офанзива против корупцијата и криминалот, ВМРО-ДПМНЕ објави скандал за неговиот брат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот