СДСМ го повика Обвинителството да го расчисти случајот со злоупотребени европски пари во Еразмус+
Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност, велат од СДСМ.
Препорачано
Оттаму додаваат дека Владата назначила лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција.
„Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е во Јавното обвинителство откако ОЛАФ го достави извештајот со сите наоди.
Официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година наведува постоење на основан сомнеж за злоупотреба на над 2,2 милиони евра европски пари во период на владата на Груевски, почнувајќи од 2016 година“, се вели во партиското соопштение.
СДСМ ја повика Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов, а Јавното обвинителство без одлагање да постапи по наодите на ОЛАФ.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија експремиерот Зоран Заев и поранешната директорка на Агенцијата, Лидија Димова дека го оштетиле буџетот за 2,5 милиони евра, пари кои Европската заедница ги побара назад од државата.


